Ана Атанасова

Координатор за безбедност и здравје при работа и животна средина

Coke Summership претставува уникатна можност за надоградување на знаење и стекнување нови вештини на млади и амбициозни студенти кои имаат за цел постигнување на конкурентска предност. За таа цел, Coke Summership обезбедува стекнување на искуство кое им помага на студентите да го применат своето образование во пракса, како и развивање на лидерски вештини преку структурирана форма особено во корпорации кои работат согласно познати методологии како Lean Management. Преку овие принципи, методи и алатки за работа, студентите се запознаваат со индустриски менаџмент чии главни цели се градење корпоративна култура за подобрување на ефикасноста на производствениот систем и обезбедување континуирано подобрување.

Учествувајќи на Coke Summership летната академија, ќе создадете цврсти темели во познавањето на клучните елементи на производствениот менаџмент, како и менаџментот на вашето време, вештини и професионален личен развој во полето на Supply Chain Management.

Младен Крстевски

Унапредувач на пазарот

Coke Summership претставува едно неверојатно искуство во кое секој учесник преку работа на терен, проекти но и забава ги запознава сите…

Нина Лазовска

Учесник во Летна пракса на Пивара Скопје

Праксата од четири недели на Coke Summership за мене беше одлично искуство и почеток на мојата кариера каде преку стекнување…

Емилија Трајковска

Учесник во Летна пракса на Пивара Скопје

Coke Summership е 4 неделна програма исполнета со интензивна работа, реализирана преку забава тренинзи и учество во реални проекти. Со…