Тамара Неделковска

Customer Support Agent

Ова лето имав чест и задоволство да бидам дел од програмата Coke Summership која ми овозможи да стекнам непроценливо искуство и знаење во различни области неопходни за пронаоѓање на својот кариерен пат. Една од најзначајните работи која би ја истакнала од целокупната пракса се дефинитвно луѓето. Имав можност да учам и соработувам со талентирани Пиварци кои се желни да пружат поддршка во секој момент. За време на програмата бев дел од група на прекрасни врсници со кои заедно оставивме белег во компанијата препознатлив по нашата дружба и енергичност. Бескрајно горда и благодарна на секторот Sales Capability кој имаше голем удел за моето подобрување на личните вештини и компетенции. Благодарна сум за врвните презентации, мотивацијата и енергијата по кои дефинитивно ќе ја паметам Coke Summership програмата! По завршување на истата, ми беше понудена пракса во секторот Corporate affairs and Sustainabulity која со задоволство ја прифатив и сега сум дел од еден неверојатен тим на Пивара Скопје! 

Нина Лазовска

Financial Analyst

Праксата од четири недели на Coke Summership за мене беше одлично искуство и почеток на мојата кариера каде преку стекнување…

Емилија Трајковска

Учесник во летна пракса

Coke Summership е 4 неделна програма исполнета со интензивна работа, реализирана преку забава тренинзи и учество во реални проекти. Со…

Андреј Бочваров

Учесник во летна пракса

Coke Summership претставува едно незаборавно искуство и совршен почеток за мојата професионална кариера. Можноста да бидам дел од една голема…