За програмата

Coke Summership е летна пракса на Пивара Скопје АД, поддржана од нашата групација Coca Cola HBC, која претставува одлична летна можност за размена на нови знаења, дружење и стекнување искуство кое ќе ти помогне во твојот личен и професионален развој.

Станува збор за програма наменета за сите студенти кои се во завршна година од своите додипломски студии, или пак за студенти кои се на магистерски студии на било кој Универзитет во земјата.

Coke Summership нуди сеопфатна програма преку која можеш да ја започнеш твојата кариера на вистински начин. Во Пивара Скопје оваа програма се спроведува веќе трета година по ред и досега повеќе од 300 млади луѓе покажаа интерес да бидат дел од неа. Во изминатите две години 30 учесници ја поминаа програмата, дел од нив продолжија со практикантска работа во рамките на нашата компанија, а дел се веќе наши колеги, горди Пиварци.

Coke Summership ќе ти овозможи да се запознаеш со светот на Пивара Скопје, како дел од два моќни интернационални бренда Coca Cola HBC и Heineken. Целокупната програма е структурирана на начин секој од учесниците да има можност да работи самостојна работа, но и работа во тим, во рамки на проекти, која вклучува стратешки пристап, аналитичко размислување, истражување, креативна работа и секако развивање на преговарачки и продажни вештини.

Летната пракса трае 4 недели исполнети со активности и задачи кои имаат за цел да понудат богато искуство и знаење на секој од учесниците. Секој учесник во летната пракса има свој ментор кој го поддржува и води низ целокупното Coke Summership искуство.

Важен дел од летната пракса е стекнувањето искуство на терен, основата и најзначајниот дел во нашата организација, кој ќе ти овозможи да се стекнеш со преговарачки и продажни вештини од една страна, но и да научиш како функционираат нашите продажни канали.

Coke Summership ќе ти овозможи да искусиш како функционира еден сложен и голем производствено-продажен систем каков што е Пивара Скопје.

Можеш да очекуваш интензивни 4 недели летна програма по кои ќе се стекнеш со огромно знаење, а тоа ќе ти овозможи да откриеш каде се гледаш себеси во иднина и како сакаш да го започнеш твојот кариерен пат. Ќе имаш можност да тестираш, да истражуваш и да ги поместуваш сопствените граници, да преземаш иницијатива, да работиш на креативни проекти и да дадеш свој печат на истите.

Секој учесник на летната пракса по завршувањето добива Сертификат за учество од Пивара Скопје.