Coke Summership 2023

16 учесници, 17 ментори,  20 Унапредувачи на пазарот и повеќе од 15 колеги од различни сектори ја сочинуваа овогодинешната генерација на нашата летна пракса.
Како компанија сме навистина горди на успехот и мотивираноста на учесниците, кои покажаа неизмерна посветеност и интерес во секој сегмент од четири неделната програма, но истовремено сме горди на нашите колеги кои им пружија безрезервна поддршка на учесниците и ги воведоа во светот на Пивара Скопје.
Оваа генерација помина 40 часа на терен, каде имаа шанса да се запознаат со работата на нашите Унапредувачи на пазарот, да се здобијат со продажни вештини, како и да се запознаат со сите три канали на продажба во Пивара Скопје.
Воедно, практикантите имаа можност да бидат дел од обуките во нашата компанија, кои се дел од нашата Академија за продажба, а преку кои се запознаа со целосното деловоно функционирање на компанијата, начинот на работа во различни сектори, се запознаа со портфолиото на Пивара Скопје и на практичен начин ги оформија своите комуникациски и презентациски вештини. Сето тоа беше пренесено од страна на нашите вработени, кои на интерактивен начин им помогнаа да се здобијат со потребните знаења и вештини, потребни да ја започнат и оформат својата кариера.
Дополнително, во текот на овие четири недели, учесниците имаа можност да искусат како изгледа секојдневното работење во компанијата, да се дружат и да остварат нови познанства, да се запознаат со нашите лидери и да работат на реални проекти и да дадат свој печат во нив. Забавата  беше дел од овие четири недели, па така нашите студенти беа дел од сите настани, забави и интерни активности, а со тоа имаа можност целосно да се вклучат и да уживаат во магијата на Пивара Скопје.
Ја завршивме праксата со извонредни презентации на учесниците, кои беа поделени во три тимови и ги презентираа завршните проекти, зададени од страна на Пиварци.
На крајот, беше изгласан победник од стручна комисија, сочинета од нашите колеги кои го прогласија тимот Coke Lemon Zero за победник.
Огромни честитки до сите практиканти кои ја сочинуваа четвртата геерација на Coke Summership 2023 и благодарност до сите колеги кои дел од своето работно време, своето искуство и знаење го посветија на оваа програма.
Наздравуваме за нови почетоци и понатамошни успеси!
Cloud Cloud Cloud Cloud
Погледни повеќе