Coke Summership 2022

person2

Првата недела од овогодинешната летна пракса во Пивара Скопје – Coke Summership започна динамично и интензивно! На почетната церемонија, со која стартуваше летната пракса, младите и аспиративни учесници се запознаа со своите ментори како и со дел од тимот на вработени од Пивара Скопје кои беа директновклучени во организацијата на Coke Summership 2022.

Учесниците успешно ја поминаа неделата исполнета со разновидни активности и предизвици, a деновите редовно започнуваа со “morning coffee” – неформална дружба за запознавање но и координирање на претстојните активности.

  • Во рамки на првиот ден беше испорачана првата сесија од “Meet our Leaders” каде што учесниците имаа можност да слушнат од прва рака за кариерниот пат и вештините за успех на дел од нашите горди Пиварци и исто така имаа можност да се запознаат од близу со нашето портфолио на производи преку обуката “Portfolio and Premium Spirits”.

  • Вториот ден, учесниците учествуваа во втората сесија од “Meet our Leaders” и беа дел од тренинзите за “Customer Centricity” и “Employer Branding Essentials”, кои опфаќаат есенцијални аспекти на функционирањето на Пивара Скопје како компанија, но и на бизнисот воопшто.

  • Во рамки на третиот ден покрај тековните активности беше испорачан и тренинг за “Selling and outlet activation “преку кој учесниците на интерактивен начин се запознаа со продажбата и продажните вештини.

  • Кон крајот на неделата, учесниците поминаа 2 дена “on the market”, заедно со нашите унапредувачи на пазарот кои несебично го поделија своето знаење и искуство и ја покажаа магијата на работењето во Пивара Скопје од прва рака!

Посветено и амбициозно, учесниците успешно ја заокружија првата недела од Coke Summership 2022.

Втората недела од Coke Summership донесе сосема нова енергија кај учесниците.

Веќе запознаени со концептот на самата програма, но и притоа свесни за суштината на нашиот бизнис, нашите практиканти целосно се посветија на активностите кои ги подготвивме за нив за оваа, втора недела.

Coke Summership не е обична пракса, туку работа на реални проекти во реална работна средина.

Затоа, држејќи се до основниот концепт, да им понудиме на учесниците искуство идентично на она кое го имаат нашите вработени, Пиварци, оваа недела беше фокусирана на три фронта:

  • Работа во канцеларија
  • Работа на терен
  • Работа од дома, како модел на работа кој постои во рамки на Пивара Скопје.

На почетокот на неделата учесниците поминаа квалитетно време на терен, заедно со стотина Пиварци, кои заедно и здружено работеа со нашите Унапредувачи на пазар, со една и единствена цел – подготвени да ја започнеме летната сезона и целото наше портфолио на производи да го направиме достапно на пазар за сите наши консументи.

Беа одржани и неколку тренинзи, со главен фокус на Customer centricity. Комуникацијата во нашата организација е навистина важна, затоа и учесниците беа дел од три обуки на следните теми: “Communication with impact”, “Virtual collaboration” и обука за стекнување презентациски вештини.

Работната недела ја завршиме со одлично утринско дружење во нашата фан-зона, каде овогодинешните учесници имаа можност да се сретнат со учесниците во Coke Summership од изминатите години, a кои денес се наши колеги.
Со нив можеа да поразговараат за тоа како се одвивал нивниот карирен пат од завршувањето на Coke Summership, па сè до нивното вработување во Пивара Скопје.

Со радост ја очекуваме третата недела од оваа летна Coke Summership авантура!

Третата недела од Coke Summership 2022 продолжи во ист ритам како и претходните две, полна со предизвици, динамика, работа на реални активности и секако, многу забава.

Во текот на оваа недела учесниците поминаа значајно време на терен со нашите Унапредувачи на пазар и со нашите купувачи. Таму тие имаа можност да постават многу активации за нашите брендови и поблиску да се запознаат со нив.

Оваа, трета недела ја одбележа и клучниот состанок на учесниците со Маркетинг тимот во Пивара Скопје, каде им беше презентирана задачата на која ќе треба тимски да работат.

Станува збор за задача која вклучува осмислување на креативен концепт за маркетинг кампања насочена кон нашите брендови: Coca-Cola, Heineken и Скопско Smooth.

Неделата ја завршивме магично. Учесниците го посетија Пивара – Experience Center, каде имаа можност да се запознаат со културното наследство и богатство на нашата компанија и со сите партнерства кои во изминатите 100 години неуморно ги градевме со заедницата.
За крај имаа уникатна можност да научат како се прави пиво и сами да создадат свој вкус.

Четвртата недела е пред нас, нашите учесници ќе се подготвуваат за нивните завршни презентации на проектитите кои ги работат, а ние, Пиварци, сме тука да ги поддржиме на најдобар можен начин.

Нашите амбициозни практиканти за време на четвртата и последна недела од Coke Summership 2022 вредно и посветено работеа на презентациите на своите финални проекти.  

Во текот на изминатите 3 недели тие се стекнаа со богато практично и теоретско знаење кое им помогна да ги изработат своите финални презентации на највисоко ниво. 

Процесот на подготовка се одвиваше тимски, со напорна работа, но и секако со забава во Пиварски дух 😊  

Покрај самостојната работа, практикантите имаа и состаноци со своите ментори кои беа тука да ги насочат во целиот процес, да им дадат фидбек и да ги поддржат во работењето.  

На последниот ден од оваа работна недела, се одржа финалната свечеба церемонија на која беа презентирани финалните проекти, во присуство на тимот ментори и вработени во Пивара Скопје кои беа вклучени во целата Coke Summership програма и истите беа евалуирани од токму за оваа цел претходно оформена комисија.  

За време на церемонијата секој од учесниците се стекна со диплома за завршена летна пракса Coke Summership 2022.  

Им посакуваме среќа и многу успеси на личен и професионален план на нашите прекрасни практиканти!  