Третата недела од Coke Summership 2022 продолжи во ист ритам како и претходните две, полна со предизвици, динамика, работа на реални активности и секако, многу забава.
Во текот на оваа недела учесниците поминаа значајно време на терен со нашите Унапредувачи на пазар и со нашите купувачи. Таму тие имаа можност да постават многу активации за нашите брендови и поблиску да се запознаат со нив.
Оваа, трета недела ја одбележа и клучниот состанок на учесниците со Маркетинг тимот во Пивара Скопје, каде им беше презентирана задачата на која ќе треба тимски да работат.
Станува збор за задача која вклучува осмислување на креативен концепт за маркетинг кампања насочена кон нашите брендови: Coca-Cola, Heineken и Скопско Smooth.
Неделата ја завршивме магично. Учесниците го посетија Пивара – Experience Center, каде имаа можност да се запознаат со културното наследство и богатство на нашата компанија и со сите партнерства кои во изминатите 100 години неуморно ги градевме со заедницата.
За крај имаа уникатна можност да научат како се прави пиво и сами да создадат свој вкус.
Четвртата недела е пред нас, нашите учесници ќе се подготвуваат за нивните завршни презентации на проектитите кои ги работат, а ние, Пиварци, сме тука да ги поддржиме на најдобар можен начин.