Како помина втората недела од
Coke Summership 2022

person2

Втората недела од Coke Summership донесе сосема нова енергија кај учесниците.

Веќе запознаени со концептот на самата програма, но и притоа свесни за суштината на нашиот бизнис, нашите практиканти целосно се посветија на активностите кои ги подготвивме за нив за оваа, втора недела.

Coke Summership не е обична пракса, туку работа на реални проекти во реална работна средина.

Затоа, држејќи се до основниот концепт, да им понудиме на учесниците искуство идентично на она кое го имаат нашите вработени, Пиварци, оваа недела беше фокусирана на три фронта:

  • Работа во канцеларија
  • Работа на терен
  • Работа од дома, како модел на работа кој постои во рамки на Пивара Скопје.

На почетокот на неделата учесниците поминаа квалитетно време на терен, заедно со стотина Пиварци, кои заедно и здружено работеа со нашите Унапредувачи на пазар, со една и единствена цел – подготвени да ја започнеме летната сезона и целото наше портфолио на производи да го направиме достапно на пазар за сите наши консументи.

Беа одржани и неколку тренинзи, со главен фокус на Customer centricity. Комуникацијата во нашата организација е навистина важна, затоа и учесниците беа дел од три обуки на следните теми: “Communication with impact”, “Virtual collaboration” и обука за стекнување презентациски вештини.

Работната недела ја завршиме со одлично утринско дружење во нашата фан-зона, каде овогодинешните учесници имаа можност да се сретнат со учесниците во Coke Summership од изминатите години, a кои денес се наши колеги.
Со нив можеа да поразговараат за тоа како се одвивал нивниот карирен пат од завршувањето на Coke Summership, па сè до нивното вработување во Пивара Скопје.

Со радост ја очекуваме третата недела од оваа летна Coke Summership авантура!