Наскоро нова летна приказна ‒ COKE SUMMERSHIP 2024

Пред нас е уште една незаборавна летна авантура нова сезона на Coke Summership.
По четиригодишната успешна приказна, продолжуваме да бараме и да развиваме нови таленти,
подготвени за стекнување нови вештини, знаења и дружење.


Во претстојниот период ќе следуваат информации за летната пракса на Пивара Скопје АД, Coke
Summership 2024, каде што ќе може подетално да се запознаете со овогодишната програма и со
сето она што го имаме подготвено за Вас.


Подгответе се за едно поинакво лето во кое ќе го започнете Вашиот кариерен пат и аплицирајте за
учество во Coke Summership 2024.


Во меѓувреме, погледнете каде се нашите минатогодишни учесници денес и уживајте во нивните
приказни!

Аплицирај за Coke Summership 2024



Coke Summership

Coke Summership е летна пракса на Пивара Скопје АД, поддржана од нашата групација Coca Cola HBC, која претставува одлична летна можност за размена на нови знаења, дружење и стекнување искуство што ќе ти помогне во твојот личен и професионален развој.

Станува збор за програма наменета за сите студенти што се во завршната година од своите додипломски студии или пак, за студенти што се на магистерски студии на кој било универзитет во земјата.

Coke Summership нуди сеопфатна програма преку која може да ја започнеш твојата кариера на вистинскиот начин. Во Пивара Скопје, оваа програма се спроведува веќе петта година по ред и досега повеќе од 520 млади луѓе покажаа интерес да бидат дел од неа. Во изминатите четири години, 62 учесници ја поминаа програмата, дел од нив продолжија со практикантска работа во рамките на нашата компанија, а дел се веќе наши колеги, горди Пиварци.

Дознај Повеќе

ЧПП

Доколку си студент на завршна година од твоите студии, или пак си на магистерски студии на било кој Универзитет во земјата, твојата апликација ја очекуваме ТУКА.

На Coke Summership може да се пријавиш со испраќање на твојата професионална биографија (CV) на англиски јазик. Биографијата може да ја испратиш со пристапување кон овој линк.

Бројот на учесници не е ограничен и истиот зависи од бројот на кандидати кои ќе ги исполнат сите критериуми во процесот на селекција.

Ќе биде обезбеден финансиски надомест за покривање на трошоците за храна и превоз во периодот на траење на летната пракса. А во деновите кои ќе ги поминуваш во нашите канцеларии, обезбедени се пијалаци од палетата на производи на Пивара Скопје, како и оброк во рамки на кантината која е дел од нашата компанија.

Процесот на селекција на учесници во Coke Summership се прави со помош на различни вежби кои имаат за цел да ги проценат твоите компетенции. За компетенции се смета збир од знаење, вештини и способности потребни за на правилен начин да се заврши одредена работа.

Во секоја фаза од процесот на селекција се предвидени различни вежби, за кои навремено ќе добиеш насоки што се очекува да направиш.

Не е потребна никаква претходна подготовка, ниту претходно знаење од одредена област. Важно е да бидеш свој, и автентично да ги презентирш твоите компетенции кои досега си ги стекнал. Нашиот совет е на вежбите да им пристапиш на начин на кој би постапил и во реална ситуација. За секоја вежба е потребна индивидуален твој ангажман, затоа одвој доволно време за себе кога ќе ги работиш вежбите и дај го твојот максимум. Од наша страна ќе добиеш прецизни насоки за секоја вежба, кои ќе ти помогнат како да пристапиш.

За да си помогнеш на самиот себе во процесот, те советуваме и да истражиш малку повеќе за Пивара Скопје, за нашите брендови, за нашата традиција и искуството кое го нудиме на пазарот.

Целокупната програма на Coke Summership е организирана од страна на Секторот за Луѓе и Култура, а поддржана од страна на колеги од останатите сектори. За секоја работна недела ќе биде подготвена детална програма коа ќе ти овозможи пристап со нови знаења и искуства, а дополнително ќе добиеш и ментор кој биде твоја целосна поддршка во текот на твоето Coke Summership искуство. Заедно со твојот ментор ќе дефинирате проекти на кои ќе работиш и активности во кои ќе бидеш вклучен во текот на целата програма. Ќе имаш можност да учествуваш во реални тековни проекти кои се дел од Пивара Скопје и преку нив да стекнеш нови искуства, работни вештини, да ги надоградуваш твоите компетенции и професионално да растеш.

Важен дел од твојата работа за време на летната пракса е работата на терен, заедно со нашите Бизнис Девелопери кои го имаат директниот контакт со нашите купувачи. Таму ќе ја научиш магијата на нашиот бизнис, ќе ги запознаеш нашите партнери, ќе имаш можност да преговараш и остваруваш соработки во рамки на нашите канали на продажба, а тоа ќе ти помогне да го научиш синџирот на работа на нашата компанија од почеток до крај.

Coke Summership е основан со цел поврзување на Пивара Скопје со сите млади потенцијали, кои би можеле да бидат дел од семејството Пиварци. Програмата е концепирана на начин секој учесник да се стекне со доволно знаење, искуство и вештини кои ќе му овозможат на правилен начин да го започне својот кариерен пат. Сите учесници во летната пракса влегуваат во базата на податоци за потенцијални вработувања и се земаат во предвид при отварање на нови работни места. Фактите зборуваат дека значаен дел од учесниците во Coke Summership од изминатите години денес се наши колеги, а исто така и голем дел од учесниците имаа одреден работен ангажман во рамки на нашата компанија по завршувањето на оваа летна пракса.